Малики-опозицијата го блокира назначувањето на нов шеф за безбедност

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики денеска ги обвини политичките противници дека го блокираат назначувањето на новиот шеф за безбедност и на тој начин ја доведуваат земјата во опасност. Малики соопштил и дека безбедносните сили мора да бидат деполитизирани. Во средата Малики го отпушти шефот за безбедност, по серијата напади во Багдат.