САД и Северна Кореја-да продолжат преговорите за нуклеарното разоружување

Американскиот дипломатски претставник за Северна Кореја, Стефен Босворт соопшти денеска дека САД и Северна Кореја се сложуваат дека преговорите за нуклеарното разоружување треба да продолжат. Босворт кој е на тродневна посета на Пјонгјанг, смета дека разговорите кои ги остварил биле многу корисни, бидејќи на нив ставовите биле презентирани на отворен и ефикасен начин. Но според Босворт останува нејасно кога Северна Кореја ќе се врати на преговорите со Кореја, САД, Јапонија, Кина и Русија, кои ги откажа во Април.