Милошоски-Македонија не се откажува туку ќе оди напред

Македонија понатаму ја очекува повеќе работа, реформи и залагање без откажување, соопшти денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, по одлуката на ЕУ да го одложи стартот на преговорите за членство на Македонија во унијата. Според Милошоски Македонија ќе продолжи да испраќа позитивни сигнали до Грција и покрај нивната непринципиелност. Македонија сега треба да ја убеди унијата дека направила напредок и дека нејзиното членство ќе донесе мир и стабилност на регионот, а порано или подоцна според Милошоски и Грција ќе ги увиди тие работи и ќе ги надмине сите несогласувања, кои ги има со Македонија.