ОБСЕ - Правото не се користи доволно на Косово

Шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Приштина Вернер Алмхофер оцени дека правото не се користи доволно ефикасно во насока на заштита и унапредување на положбата на заедниците на Косово. Во извештајот на ОБСЕ за периодот јануари 2008 - јуни 2009 се наведува дека примената на ефикасна политика за интеграција на заедниците во културниот, општествениот, економскиот и јавниот живот, е клучен услов за изградба на мултиетничко општество на Косово.