Саркози и Браун се за оданочување на бонусите на банкарите

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Гордон Браун повикуваат на еднократно оданочување на бонусите што им се исплаќаат на челниците и вработените во банките. Во задничкиот текст објавен во весникот Вол стрит џурнал, Саркози и Браун велат дека данокот треба да се воведе зашто годинашните бонуси делумно се должат на владината помош што банките ја добија поради светската економска криза. Двајцата лидери пишуваат дека е „едноставно неприфатливо“ даночните обрзници да им ги плаќаат загубите на банките, а овие да си делат премии.