Генрал Петраус-насилството во Авганистан ќе се зголеми

Шефот на американските воени операции во Авганистан и Ирак, Дејвид Петраус соопшти денеска дека и покрај засилувањето од 30 000 американски војници во Авганистан најверојатно за кратко време ќе се зголеми насилството и внатрешниот немир на власта. Говорејќи пред конгресот тој изјави и дека зголемувањето на американските трупи ќе резултира со послаб прогрес за разлика од оној на силите во Ирак пред две години. Петраус побара од законодавците да им ја дадат новата воената стратегија барем една година порано, пред да судат за нејзината ефикасност.