Ахамдинеџад постројките не се за инат на ОН и МААЕ

Иранскиот претседател Махмуд Ахадинеџад соопшти денеска дека планот неговата земја да изгради уште десет нови постројки за збогатување ураниум не е со цел Иран да и се спротистави на Обединетите Нации и Меѓународната агенција за атомска енергија. Иран денеска го обвини ОН дека со нивната ново изградената станица за откривање на нуклеарни активности во Туркменистан всушност сака да надгледува Иран. Ахмадинеџад соопшти дека Владата планира да ги изгради посторојките, при крајот на ноември, кога МААЕ објави дека Иран гради втора постројка за збогатување ураниум.