ОН бара од Авганистан да преземе акција за спречување на корупција

Обединетите нации побараа од авганистанската влада да преземе сериозни чекори, против корупцијата во земјата. Специјалниот претставник на ОН за Авганистан, Каи Еиде соопшти дека авганистанскиот народ треба сега да види некоја конкретна акција. Еиде изјави и дека на конференцијата во декември ќе се разговара за создавање на комисија за антикорупција, суд и посебни органи за спроведување на законот. Авганистанскиот претесдател Хамид Карзаи е под огромен притисок од западните земји, да ја спречи корупцијата во неговата влада.