3 нови жртви на свински грип во Македонија

Тројца луѓе починаа од грипот А Х1 Н1 на клиниката за инфективни болести во Скопје изминативе 24 часа. Еден маж на 57 годишна возраст од Битола и две жени на возраст од 71 и 75 години од Скопје. Според директорот на клиниката Звонко Миленковиќ пациентите кога биле хоспитализирани се наоѓале во тешка состојба. Во изминативе 24 часа на клиниката се прегледани 33 нови пациенти, а 9 се оставени на лекување. Од почетокот на пандемијата па се досега се лекувани 609 пациенти.