НАТО и ЕУ заедничка цел на Косово и Македонија

Македонија и Косово имаат одлични односи, а и двете земји имаат иста цел-членство во НАТО и ЕУ. Во иднина тие треба да работат на зголемување на економската соработка, соопштија денеска македонскиот вицепремиер Абдулаќим Адеми и неговиот косовски колега Рам Манај на денешната средба во Скопје. Адеми изјави и дека Косово наскоро ќе отвори амбасада во Скопје за која веќе е назначен амбасадор и дека тој очекува нивото на канцеларијата во Приштина да се подигне на ниво на амбасада. Манај пак ја поздрави одлуката на Македонија за признавање на независноста на Косово и дека сега останува тие заеднички да работат на евроинтеграциите.