Залар-во ЕУ не по секоја цена

Секоја земја пред да пристапи во Европската Унија треба да реши одредени проблеми. Словенија мораше да се согласи на таканаречениот шпански компромис, тоа е политичка реалност, но тоа не значи дека една земја треба да го продаде она што и е најзначајно, а тоа е нејзиното име и идентитет, соопшти денеска словенечкиот министер за правда Алеш Залар на денешното потпишување на меморандум за соработка со неговиот македонски колега Михајло Маневски. Залар изјави и дека Словенија и понатаму ќе ја подржува Македонија во евроинтеграциите и дека земјата треба да продолжи со реформите.