Јувентус и Марсеј не се пласираа во осминафиналето

Во синоќешните натпревари од Лигата на шампионите во фудбал постигнати се следниве резултати: Јувентус- Баерн 1-4, Макаби- Бордо 0-1, Бешикташ- ЦСКА Москва 1-2, Волфсбург- Манчестер Јунајтед 1-3, Цирих- Милан 1-1, Олимпик Марсеј- Реал Мадрид 1-3, Челзи- Апоел 2-2 и Атлетико Мадрид- Порто 0-3. Во осминафиналето се пласираа Бордо, Баерн, Манчестер, ЦСКА, Реал, Милан, Челзи и Порто. Вечер се играат осумте последни натпревари по групи, по што ќе бидат познати сите осминафиналисти.