Прогноза за времето денеска- облачно и врнежливо

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено во југоисточните делови на земјата, а на повисоките места ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од два до осум, а дневната ќе биде од шест до 12 степени. Во Скопје и околината ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен севрозападен ветер. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе достигне до девет степени.