Путин во посета на Перм

Рускиот премиер Владимир Путин денеска го посети градот Перм, каде во пожар во еден ноќен клуб изминатиот викенд животот го загубија над 100 луѓе. Путин положил рози пред влезот на клубот и напоменал дека за несреќата е виновна корупцијата и негрижата. Тој додал дека инспекторите ги предупредиле сопствениците за небезбедноста на клубот пред една година, но не дошле да проверат што тие преземале. По критиката на премиерот локалниот пожарен инспектор и неколку негови заменици се сменети од нивното работно место.