Парламентарни избори во Ирак на 6 март

Претседателскиот совет на Ирак соопшти дека парламентарните избори ќе се одржат на 6 март наредната година. Шефот на штабот на претседателот, Насер Ал Алани објави дека датумот бил одбран на средбата меѓу претседателскиот совет и изборната комисија. Изборите во Ирак според уставот треба да се одржат до крајот на јануари, но изборниот законик беше задржуван од страна на политичките неистомисленици.