Иран нема да ги толерира нарушувачите на јавниот ред

Иранскиот јавен обвинител соопшти денеска дека нема да има обзир спрема граѓаните, кои го нарушуваат јавниот ред и мир. Неговиот коментар е еден ден по протестот на студентите на улиците на Техеран, против претседателските избори во Јуни. Протестот се одржа во истиот ден кога во земјата се одбележуваше смртта на тројцата студенти во 1953 година за време на антиамериканските протести. Според обвинителот властите на протестите вчера реагирале воздржано и тој соопштил дека во иднина нема да има толеранција за тие кои редовно го нарушуваат јавниот ред и мир.