Милошоски-блокадата на Македонија е нова грчка хипокризија

Денешното одложување на датумот за преговори на Македонија за членство во ЕУ може да се дефинира како нова грчка хипокризија, затоа што иако Грција наводно се залага сите земји од западен Балкан да и се приклучат на Унијата, а при првата можност на Македонија да ги започне преговорите, таа ја блокира, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, пренесувајки го владиниот став. Тој додаде и дека ваквата одлука на ЕУ може да го наруши угледот на процесот за евроинтеграција. Според него, пак, подршката од други земји – членки на ЕУ, ќе ја мотивира власта земјава да продолжи со реформите и да ги оствари своите амбиции на еден лигитимен, реален и остварлив пат. Милошоски смета дека, како што рече, блокадата од Атина нема да ги подобри билатералните односи за решавање на спорот со името.