Ерменија ќе испрати 40 војници во Авганистан

Ерменските законодавци денеска соопштија дека одобриле во Авганистан да се испратат уште 40 војници. Француската новинска агенција го цитираше министерот за одбрана Сеиран Оганиан дека во Авганистан во февруари ќе отпатува еден пешадиски вод, еден лекар и три офицери. Одлуката на Ерменија доаѓа по повикот на САД до неговите меѓународни сојузници да ја зголемат бројката на трупите во Авганистан.