2009 петта најтопла година од 1850 година

2009 година ќе биде петта најтопла година во историјата, откако од 1850 година се води евиденција, соопшти денеска Мајкал Јаруд од светската метрополошка организација. Објавата доаѓа еден ден по средбата на 192 земји во Копенхаген, каде што беше разговарано за проблемите со кои се соочува светот од климатските промени.