Околу 100 загинати и 130 повредени во Багдад

Во серија координирани напади во Багдад загинаа околу 100 лица, а повредени се речиси 130 луѓе. Во еден од нападите со автомобил бомба е таргетирана полициска патрола во населбата Дора. Потоа 4 автомобили бомби одекнале еден по друг во градот напаѓајки претежно владини објекти. Ова е најтежок инцидент во Багдад од 25 Октомври кога беа убиени 155 лица со масивни камиони бомби. Насилство во Ирак генерално е намалено во изминативе 18 месеци, но ирачките власти и американската војска предупредија на инциденти пред изборите во Фебруари.