Грчки печат - ЕУ блиску до договор за Македонија

Совет на министри на ЕУ е на пат да дојде до начелен договор за прашањето околу преговорите меѓу ЕУ и Македонија, пишуваат денеска грчките медиуми.
Грчкиот весник „Вима“ објави дека значаен број земји-членки на ЕУ го истакнувале како аргумент тоа дека перспективата за присоединување на Македонија кон ЕУ е фактор на стабилност на Балканот.
Во исто време, дел од државите предводени од Франција бараат Унијата да пројави солидарност со Грција, односно со нејзината позиција и преговорите со Македонија да почнат кога ќе биде изнајдено компромисно решение за нејзиното име.
Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека по долги консултации начелен договор е постигнат и оти тој ја задоволил грчката страна, бидејќи во него не се спомнува март за почнување преговори со Македонија.