Во серија напади во Багдад има 22 жртви

Полицијата соопшти дека најмалку 22 лица загинале, а 60 се повредени во серија бомбашки напади во Багдад. Станува збор за координирани напади на три автомобили бомби во централниот дел на градот и два самоубиствени напади во јужен Багдад. Насилство во Ирак минатиот месец забележа голем пад, но ирачките власти и американската војска предупредија на инциденти пред изборите во Фебруари.