Продолжува министерскиот состанок за проширување на ЕУ

Денеска ќе продолжат преговорите на министрите за надворешни работи на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Во нацрт заклучоците предложени од шведското претседателство се наведува дека преговорите за членство во ЕУ ќе се одложат до март следната година. Во документот се наведува и дека неопходните реформи треба да продолжат. Грција се противела на тоа во заклучоците да бидат поставувани било какви временски рамки за старт на преговорите без претходно решавање на спорот за името. Финскиот премиер Мати Ванханен потврдил дека грчкото противење поради спорот за името може да ја попречи одлуката за одредување датум.