Брисел - Македонија без датум за преговори со ЕУ

Министрите за надворешни работи на ЕУ го започнаа состанокот во Брисел . Според нацрт - верзијата за Македонија постои можност министрите да ја одложат одлуката за доделување датум за преговори со Македонија за следниот состанок во март 2010-та. Имено, како што се јавува од Брисел, во текстот што денеска го разгледувале амбасадорите на земјите членки пишувало дека одлуката за датумот за Македонија треба да се одложи за март 2010 година.
Се предлага во заклучоците на Советот на министрите да пишува дека се поздравува прогресот направен во повеќе важни области. Меѓутоа се додава и дека задржувањето на добрососедските односи, вклучувајки заеднички прифатливо решение за името под покровителство на ОН, останува суштинско. Советот е охрабрен од последните позитивни случувања во односите меѓу Грција и Македонија". Можно е ова прашање да се најде на дневен ред на средбата на лидерите на ЕУ во среда и четврток со единствена цел да се постигне максимум охрабрување за Македонија, но и за Грција, за да го решат спорното прашање.