САД и Русија утре ќе се изјаснат за независноста на Косово

САД и Русија утре пред меѓународниот суд во Хаг ќе ги изложат своите аргументи за легалноста на независноста на Косово. САД е еден од клучните подржувачи на Косово, а Русија е на страната на Србија. Денеска Кина и Кипар пред судот излегоа со ставот дека косовската независност е спротивна на меѓународното право.