6 повредени во експлозија на гасовод во Романија

Шест луѓе се повредени од експлозија на гасовод во романскиот град Сибиу, соопштуваат локалните медиуми. Двајца од нив настраделе од експлозијата, а четири минувачи од пожарот кој избувнал подоцна. Тие не се во критична состојба. Сеуште не се знае причината за експлозијата и колкава е штетата.