Кина против независност на Косово пред судот во Хаг

Декларацијата за независност на Косово е спротивна на меѓународното право и резолуцијата 1244 на Обединетите Нации, соопшти Кина на денешното обраќање пред Меѓународниот суд за правда во Хаг. Правниот застапник на Кина, Си Ханшин нагласи дека суверените држави имаат право да ја спречат едностраната поделба и да го заштитат својот интегритет. Денеска своите ставови пред судот ќе ги изнесат и Кипар, Хрватска и Данска.