4 мртви во експлозија во училиште во Багдад

Најмалку четири луѓе го загубија животот, а десетици се повредни во експлозија во едно училиште во Багдад. Според неофицијални информации, инцидентот е предизвикан од бомба, која била поставена во школскиот двор. Експлозијата се случила во шиитското соседство во градот Садра, североисточно од престолнината на Ирак. Повредените се претежно ученици.