Насилно растерани анти-владини демонстранти во Техеран

Иранската полиција денеска со употреба на солзавец и со примена на сила ги растерала демонстрантите кои извикувале анти-валдини слогани на централниот плоштад во Техеран, јавуваат очевидци. Инаку, иранските власти денеска организираат одбележување на годишнината од загинувањето на тројца студенти во 1953-та година, за време на режимот на Шахот. Инцидентите не можат да бидат потврдени, бидејки властите во Техеран им забранија на странските медиуми да известуваат од денешните настани.