Басеску веројатно избран за претседател на Романија

Трајан Басеску веројатно е победник на претседателските избори во Романија. Според централната изборна комисија, по пребројаните 95 насто од гласовите, Басеску освоил 50,43 насто, а неговиот против кандидат Мирчеа Џоана 49,57 насто. Синоќа и двајцата претседателски кандидати прогласија победа, а се чинеше дека Џоана има предност.