Во Русија ден на жалост

Во Русија денеска е ден на жалост, посветен на жртвите од пожарот во ноќниот клуб во градот Перм. Во несреќата загинаа најмалку 112 луѓе, а повеќе од 100 се уште се хоспитализирани со повреди од пожарот.Четворица, меѓу кои и сопственикот на клубот се уапсени, а истрагата сеуште е во тек. Претседателот Дмитриј Медведев побара од пратениците да внесат промени во кривичниот законик за неспроведување на стандардите за безбедност од оган.