Прогноза за времето денеска- сончево

Времето ќе биде сончево и тивко со умерена облачност и слаба утринска магла по котлините. Утринската температура се движи од минус три до четири, а дневната ќе биде од девет до 16 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од еден до 13 степени.