Поделбата на Ерусалим ќе ги загрози мировните преговори

Израелскиот заменик министер за надворешни работи, Дени Ајалон соопшти денеска дека инцијативата на Европската унија да ја подржи поделбата на Ерусалим и со тоа источниот дел на Ерусалим да го направи главен град на идната палестинска држава може да ги загрози мировните преговори. Тој додаде дека Европјаните не треба да го диктираат крајот на преговорите однапред. Министрите за надворешни работи при ЕУ за тоа прашање ќе разговараат во понеделник во Брисел.