Де Бур-поцврсти чекори во борбата со климатските промени

Светските лидери мора да ја искористат подршката за да ги направат одлучувачките чекори во борбата против климатските промени, соопшти денеска шефот на Обединетите Нации за климатски промени, Иво Де Бур. Ден пред самитот во Копенхаген Де Бур на конференцијата за новинарите ги повика 192 држави, кои ќе присуствуваат да придонесат за снажен и долгорочен чекор во решавањето на проблемите со климатските промени.