Курдите протестираат во Турција

Курдите денеска протестираа во југоисточниот град на Турција, Дијарбакиру против лошите услови во затворот во кој се наоѓа водачот на курдската работничката партија, Абдуалх Оџалан. Демонстрантите фрлале камења кон седиштето на владејачката партија за правда и развој. Тие ја нападнале и полицијата со камења и петарди, при што еден полицаец е повреден. Оџалан претходно се жалел на условите во неговата затворска ќелија, што резулутираше со протест на неговите привраници.