Утре продолжува расправата во Хаг за Косово

Утре продолжува расправата на меѓународниот суд во Хаг за легалноста на декларацијата на независност на Косово. Своите аргументи пред судот ќе ги изложат Кина, Кипар, Хрватска и Данска. Кина и Кипар не ја признаа независноста на Косово, а Хрватска и Данска се меѓу 63 земји кои го направија тоа. Во досегашниот тек на расправата, која започна на 1 декември своите ставови ги кажаа Србија и властите во Приштина и уште 11 држави.