15 мртви во автобуска несреќа во Бангладеш

Во судир на два автобуси во Бангладеш животот го загубија најмалку 15 луѓе, а 30 се повредени, соопшти потпаролот на Владата, Хелел Удин. Несреќата се случила на 65 километри од главниот град, Дака. На улиците на Бангладеш годишно умираат по 4000 луѓе. Собраќајните власти сметаат дека за несреќите е крива лошата инфраструктура и невнимателното возење.