Новиот кабинет на Карзаи за неколку дена

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ќе ги претстави членовите на новиот кабинет во наредните три дена, соопшти неговиот портпарол Хамид Елми. Според него, Карзаи сеуште се консултира со политичарите, експертите и старешините за да оформи кабинет достоен за сите граѓани на Авганистан. Тој е под огромен притисок на Вашингтон и западните сојузници, во својот кабинет да назначи технократи, а не лица поврзани со војната. Карзаи минатиот месец положи заклетва за втор претседателски мандат од пет години.