Перм жали за починатите од пожарот во клубот

Жителите на рускиот град Перм денеска положуваат цвеќиња и палат свеќи, пред ноќниот клуб каде најмалку 110 луѓе го загубија животот во пожарот во петокот. Роднините на починатите одат во градската мртовечница да ги индентификуваат телата. Некои од нив се жалеле на недостатокот на безбедност во клубот. При инцидентот уште 100 луѓе се повредени, а сопствeниците и менаџерите на клубот се уапсени.