Иранските власти против протестот на опозицијата

Жителите на Иран потврдија дека иранските власти го ограничиле притапот на интернет, пред протестите на опозициската партија во понеделник. Не се знае дали е тој лимитиран низ целата земја ила пак само во Техеран. Властите им соопштиле на странските новинари да не известуваат за протестот. Седми декември е денот кога во Иран се одбележува убиството на три студенти за време на протестот против САД во 1953 година.