Втор круг претседателски избори во Романија

Во Романија денеска ќе започне вториот круг на претседателските избори. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека сегашниот шеф на државата Трајан Басеску е во предност пред неговиот противник од социјалдемократите, Мирчеа Џеоана. Според аналитичарите изборите се едни од најважните, по падот на комунизмот пред дваесет години. Басеску е за реформи, меѓу кои и намалување на платите на јавниот сектор за да се оствари прогрес на подолг период. Џеоана пак ветува дека ќе ја намали сиромаштијата. Речиси една петина од 22 милиони жители на Романија живее со 4 долари на ден.