Пет луѓе уапсени за пожарот во клубот во Русија

Пет луѓе се уапсени по смртоносниот пожар во ноќниот клуб во рускиот град, Перм. Најмалку 107 луѓе го загубија својот живот, а над 100 се повредени од експлозијата предизвикана од огномет на прославата на осумгодишнината од отварањето на клубот. Уапсени се сопствениците и менаџерите на клубот. Пртеседателот Димитри Медведев изјави дека тие немаат ни мозок, ни совест и побара за нив макимална казна затвор и го прогласи понеделник за ден на жалост во Русија.