Иран без мобилни и интернет пред протестот на опозицијата

Техеран соопшти дека конекцијата на интернетот и на некои мобилни телефони е прекината денеска на два дена пред протестите на опозициската парија во Иран. Протестот закажан за 7 декември се совпаѓа со празникот со кој се одбележува убиството на студентите од безбедносните сили за време на пучот во 1953 година. Иранските власти повремено знаат да ги прекинат комуникациските врски во земјата.