Македонците од Перт го прекинаа спорот за црковниот имот

Македонците кои живеат во Перт, Австралија по десетина години спор во врска со црковниот имот, решија да ги прекинат сите судски активности во духот на православието. Тие се обврзаа во иднина да ги подобрат меѓучовечките односи и да работат на идејата за изградба на нова православна црква. Перт е еден од неколкуте австралиски градови, каде се водат повеќегодишни судски спорови меѓу тамошното македонско население за тоа кој ќе ги добие тапиите на неколкуте цркви и манастири, кои се наоѓаат надвор од јурисдикција на МПЦ.