Над 100 загинати во инцидент во ноќен клуб во Русија

Над 100 луѓе загинале при експлозија во еден ноќен клуб во рускиот град Перм, предизвикана веројатно од ракети за огномет. Околу 140 лица биле повредени, од кои над 80 сериозно, соопштија властите, додавајки дека не станува збор за терористички акт. Рускиот претседател Дмитриј Медведев нареди формирање владина комисија за да го расветли инцидентот, а премиерот Владимир Путин испрати неколкумина министри во градот Перм за да ги коориднираат операциите. Перм е град со околу 1.200.000 илјади жители и е 6-ти по големина во Русија.