САД нема наскоро да заминат од Авганистан

Соединетите држави немаат намера наскоро да го напуштат Авганистан. Ова денеска во Вашингтон го изјави советникот за национална безбедност Џејмс Џонс, прецизирајќи дека тоа нема да се случи пред 2011 година. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Брисел оцени дека охрабрува тоа што НАТО денеска понуди да упати дополнителни 7 илјади војници во Авганистан.