Меѓу жртвите во Равалпинди и двајца генерали?

Според локалните медиуми, меѓу загинатите 35 лица во џамијата во Равалпинди се и двајца генерали и неколку други воени офицери. Ова засега не е потврдено. Имено бомбаши самоубијци денеска нападнаа џамија во близина на пакистанскиот армиски штаб во Равалпинди за време на петочната молитва при што убија и ранија десетици лица. Напаѓачите најпрвин стрелале врз верниците а потоа и се разнесле со гранати. Равалпинди е неколку километри од Исламабад и е мета на напади и покрај владината кампања против исламските милитанти во граничните подрачја со Авганистан.