Пукано во претседателот на Гвинеја

Одметнати војници пукале во преседателот на Гвинеја, соопшти портпаролот на тамошната влада. Нема информации дали претседателот е повреден. Состојбата во Гвинеја е напната, откако владините сили на крајот на септември пукаа во продемократските демонстранти. Организациите за заштита на човековите права проценуваат дека тогаш загинале околу 150 луѓе.