Министерски состанок на НАТО - денеска за БиХ и Црна Гора

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска во Брисел го започнуваат дводневниот состанок посветен, пред се, на ситуацијата во Авганистан, како и на односите на Алијансата со Русија, Украина и со Грузија. Денеска министрите треба да се изјаснат за барањата на Босна и Херцеговина и Црна Гора за приклучување на акциониот план за членство во НАТО. Утре, ќе се расправа за можноста од испраќање дополнителни трупи во Авганистан, а ќе биде одржан и состанок на советот НАТО – Русија, на кој ќе присуствува рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.