Состанок на НАТО за односите со Русија, Украина и Грузија

Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се одржува денеска во Брисел. Предвидено е на средбата да се дискутира за авганистанскиот конфликт, како и за односите на Алијансата со Русија, Украина и со Грузија. Состанокот ќе почне со средбата на комитетот за односи меѓу НАТО и Украина.